Како Петар Георгиевски стана Перо Камиказа?

Далечната 1967 година од центар се доселивме во новата населба Карпош 3. Во исто време се доселија во Карпош и многу Македонци – Егејци кои дојдоа од Русија и со себе ја донесоа сета дисциплина, музика и спорт. Повеке од половината беа инжењери и доктори и се разбира, скоро секое дете свиреше на некој музички инструмент и тренираше некој спорт, но се сеќавам дека имаше најмноги пијанина од марката „Петроф“ кои тие ги донесоа со своето доселување во Скопје. Татко ми, за да не бидеме покуси, се задолжи со кредит и купи пијанино за да учи сестра ми да свири. Љубовта за музиката кај мене можеби почнала во тие моменти. Who knows?!

Половината од децата неразговетно говореа македонски, со значаен руски акцент, а ние ги учевме како правилно да зборуваат. Тие за возврат не учеа на разни други вештини кои ги донесоа од СССР. По извесно време се разви желбата за натпревар, па така многумина од нас се запишаа во Спортскиот центар Партизан 4 каде трениравме гимнастика. Се сеќавам дека од 300-400 деца се бираа 6 за екипа и од нашето маало, Карпош 3 – први блок бевме избрани четворица: Вицка, Џагра, Јура и јас. Тројцата беа дојдени од Русија, а јас единствен тукашен Егеец. На државните првенства од 1- 6 место секогаш бевме ние пласирани. Ретко некогаш се мешаше Жути од Ѓорче.

Целиот овој увод е наменет за да ви кажам дека тука во Партизан го добив надимакот Перо Камиказа како бестрашен гимнастичар, а кумот беше нашиот тогашен тренер Јове Јованов, професор по психомоторика на ДИФ. Сите останати приказни се само дополнување на се она што станав понатаму во животот