Како помина фрлањето на крстот

Со ексклузивното интервју со сопственикот на депонијата Дрисла, екипата на „Фчерашни новости“ неделава се враќа на голема врата. По двете ретроспективни епизоди, синоќа ја гледавме епизодата 17 со нови материјали, која веќе е достапна на „Јутјуб“.

Во неа последни дознајте:

  • Како помина традиционалното фрлање на крстот?
  • Што кажа опозицијата за задолжувањето од половина милијарда евра?
  • Ќе си ја заврши ли конечно Нимиц работата?


Додека Македонија дише за ракометот и заборава што навистина дише, „Фчерашни новости“ ја подготвуваат следната емисија. Ги гледаме во недела на „Телма“. Дотогаш, следете ги на нивните официјални страници на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“.