Катар, Земјата на Чудата и Нафтата

Минатогодинешниот самит за климатски промени се одржа во Доха, Катар. Интересно бидејќи според некои параметри Катар е еден од најголемите загадувачи на планетата земја по жител. Огромното експлотирање на нафта секако е главна причина за ваквата ситуација. Сепак истовремено нафтата е главна причина за просперитет на оваа држава.. Следуваат неколку факти кои можеби не сте ги знаеле за овој нафтен гигант.

k1

Благодарение на нафтата, во оваа држава локалното население станува веднаш богато и на секој вистински катарец му се префрла голем износ на долари на неговата сметка. Земјата инаку има близу 90.000 долари БДП. Можеби затоа немаат проблем што немаат директни избори секои четири години.

k2

Сите Катарци во основа имаат бесплатно користење на комуналии. И веројатно затоа максимално ги експлотираат овие ресурси и не помислуваат да штедат, барем засега.

k3

Само 15% од вкупно 1,7 милиони жители на Катар се државјани на оваа земја. Се останато е дојдено да заработува. Започнувајќи од образовани луѓе од западот, па се до сиромашните пакистанци кои ги работат работите што локалните жители никогаш не ни помнислуваат да ги работат.

k4

Како што веќе знаете во Доха има изградено се и сешто. На горната слика го гледате хотелот Шератон.
Еве уште неколку факти:
– Шеикот (кој не посети и нас) се проценува дека вреди повеќе од 2 милијарди долари
– Жените имаат исклучително мали права, не можат да возат автобил, да седат заедно со мажи на одредени места. Како е во реалноста не може да знаеме
– За време на Рамазан, доколку не муслиманите бидат видени да јадат, пушат или пијат може да бидат и уапсени. Тоа е сфатено како непочитување
– Катар ќе потроши најмалку 65 милијарди долари за СП во фудбал во 2022 година