Кики Лесендриќ – Даниел Кајмакоски ќе победи во Икс Фактор!

Извонредниот Кики Лесендриќ е гостин во следната епизода кај нас. Ни помалку ни повеќе, тој во интервјуто со Жаре го открива неговото мислење дека победник на Икс Фактор ќе биде токму нашиот Даниел Кајмакоски!

Во најавата поставена на YouTube се гледа дека Кики ќе зборува и за Горан Каран со кого заедно биле во падобранска дивизија во војска; како го избркале од факултетот по филмска режија затоа што го направил најлошиот филм во историјата на факулетот; како за малку ќе ја загубел најдрагоцената гитара кога му паднала во море во Црна Гора; ќе видиме како Кики го имитира Ѓорѓе Балашевиќ; како зборува за Бреговиќ и неговиот стил на работа, а и за неговото големо пријателство со Здравко Чолиќ.

Одличната нова епизода ќе ја гледаме на Алфа тв, оваа недела во 20:10 часот