Култни филмови во македонска верзија???

Сигурно некогаш сте се запрашале “Добро бе, зошто во филмовиве вонземјани ја напаѓаат само Америка??” Одговорот на тоа е – Поради тоа што ако филмовите се одвиваа во друга земја, резултатите ќе беа многу многу поинакви. На пример еве како би изгледале дел од најпознатите филмови кога би се одвивале во Македонија.

Терминатор:

Терминаторот ќе дојде цел гол во Македонија, ќе побара облека и ќе го упатат на пазарче кај што ќе купи гаќи 3 за 100, чорапи 3 за 100 и за секој случај и јаболка 3 за 100. Поради тоа што се ценкал со пазарџиките светот ќе биде уништен ама битно тој ќе заштеди некој денар на облека со сомнителен квалитет.

Авенџерс

Ајрон Мен ќе беше продаден за старо железо. Капетан Америка ќе финансираше ТВ емисии. Црната Вдовица ќе ја утепаа од срам комшиите со муабетите дека “Ете, вдовица… не и е лесно али вчера ја видов со еден пред некој ден… како не и е срам еј…”
Доктор Стрејнџ ќе правеше финти “Ајде ајде ајде каде е топчето а? Каде е топчето?? ТОПЧЕ АЈДЕ ДАВАЈ ПАРИ НАЈДИ ТОПЧЕ ЗЕМИ ТОПЧЕ АЈДЕ АЈДЕ!” пред ГТЦ. Хулк ќе се претвараше во чудовиште што не може да создаде разбирливи реченици само кога чита политички статии на интернет и ќе коментираше во стил на “HULK LUT! HULK KOMENTIRA! HULK VIKA OVIE DRUGITE POARNI DA NE SE???”

Војна на Ѕвездите:

Имаме спремно цела статија за ова! Клик тука и дознај 😀

Паркот Јура:

Филмот ќе беше за мајмуни а не за диносауруси. Паркот нормално ќе беше во Прилеп. 99% од генетички создадените мајмуни ќе завршеа во политички партии. Ниту еден граѓанин на Македонија нема да примети разлика меѓу мајмуните и нормалните политичари.

Хари Потер:

Ќе имаше емисија на ТВ Сонце каде што ќе гледа на тарот карти. Цело време на гледачите ќе им викаше “Имаш неки пут, неки документи…. неки дементори ти цицају душу….видим ја то”
И просечен муабет со наивните ТВ  гледачи ќе изгледаше вака:

-Ало Иван на телефон?

-Ало….чекај да погодам….се викаш Иван???

-Да, како знаеше????

-Па знам јас, магионичар сум, се знам

-Еве ја дојдов да прашам за жена ми…дали сме компатибилни според хороскоп?

-Жена ви е Јарец?

-Не, риби.

-Да. Знаев. Знам јас се, еве глеам вика дека жена ти е некое животно..ти што си во хороскоп?

-Девица.

-Аааа зезнато малце, во брак а уште девица… ај пробајте прво да водите љубов па јавете ми се ок?