Листа на наслови што не ги прочитавме во 2018

Македонските сајтови постираат новости секој ден. Дел од нив се глупави, дел од нив се неинтересни, а најголем дел од нив се глупави и неинтересни.

Поради ова направивме листа на наслови кои НЕ ги прочитавме во 2018.

-Музичар што е во цутот на младоста со свој концерт во Македонија!

ГИ ШОКИРАШЕ СИТЕ! ОВАА СТАРЛЕТА НА ИНСТАГРАМ ПОСТИРАШЕ СЛИКА ОД УЧЕБНИК ПО МОРАЛ И ЕТИКА!

10 причини зошто е лошо да пиете алкохол!!!! Причината број 5 ќе ве шокира! Уствари…ништо у листава нема да ве изненади, ама ве молиме кликнете добиваме пари од кликовиве….

-Девојче со ретка болест со емотивен статус на фејсбук: Не донирајте за мене, владата и неколку богати фирми донираа три пати повеќе од тоа што треба!!!

-Турските серии со рекордно лоша гледаност!!! Граѓаните апелираат – САКАМЕ ПОВЕЌЕ ЕМИСИИ ЗА КВАНТНА ФИЗИКА!!!

Последните статистики покажуваат дека секој втор млад сака да го помине цел живот во државата!

-Бугарскиот претседател со порака кон граѓаните на Македонија: Леле луѓе ве молам вадете наши пасоши, зошто вака намаливте со вадење пасоши????

-ОВОЈ МАКЕДОНСКИ ПЕЈАЧ СОБРА ПЕТ МИЛИОН ПРЕГЛЕДИ НА ЈУТЈУБ!!! СИТЕ ЈА САКААТ ПЕСНАТА И СЕ ГОРДИ ШТО СЕ ВРАТИ КВАЛИТЕТНАТА МУЗИКА ВО МАКЕДОНИЈА!!!

(ВИДЕО) ВАСКО ЕФТОВ ОСТАВЕН БЕЗ ЗБОРОВИ