Маестро, но и шоумен – Џамбо Агушев во Еден на Еден!

Триста денови од годината Оркестар Агушеви се на свирка или некаде низ светот. Тоа е само еден од многуте докази за колку врвен музички амбасадор има Македонија.

Затоа во недела во новата „Еден на Еден“ епизода ќе го гледаме маестро Џамбо Агушев и неговиот оркестар! За авантурите на патувањата, за тоа како ги прифаќаат низ светот, за настапот со Луис Фонси и Мишел Тело, но и многу многу други анегдоти, погледнете дел од она што ќе го гледаме во „Еден на Еден“:

Не ја пропуштајте „Еден на Еден“ во недела од 18:30 на „Канал 5“.