Мама миа од епизода!

Насмеани, расположени и распеани – актерите од хит-мјузикот „Мама миа“ не се такви само на сцената на Македонскиот народен театар. Во неделната епизода на „Еден на Еден“, која веќе е достапна на „Јутјуб“, Тања Кочовска, Биљана Драгичевиќ-Пројковска, Арна Шијак, Нина Деан, Кире Ѓоревски и Никола Наковски направија одлично шоу.

Меѓу другото, Биљана раскажа за моментот кога среде претстава снемало струја во цел Карпош, додека Тања зборуваше за тоа колку е лошо да се има партнер од иста професија. Спротивно на мислењето на останатите, Арна изјави дека политиката не треба да се одвои од уметноста и дека актерската фела треба да има свој став околу политичките случувања.

Нина раскажа зошто не сака да се пресели во Еквадор, а Никола колку дена траел неговиот кастинг. Како еден од ретките Македонци со диплома по пантомима, пак, Кире изведе своја точка.

Погледнете ја првата „Шест на Еден во Еден на Еден“!

Екипата на „Еден на Еден“ веќе се подготвува и за следната епизода во недела од 18:50 на Канал 5, во која ќе гостуваат Виолета Томовска и Ефто Пупиноски.