Марковски фамилијарно во Еден на еден

Најпознатата фамилија во моментов ни е на гости во студио 🙂 Во новата епизода на Еден на Еден дознајте како реагираат Македонците на улогата на Мали, како Петар ја доби неговата улога и се разбира, дали ќе има втора сезона на  „Фамилија Марковски“.

Во недела се дружиме со актерите Силвија Стојановска, Тамара Ристоска, Владимир Петровиќ и Петар Петковски кои ни откриваат кои беа најинтересните случувања на снимањето на хит-серијата.

Новата епизода на Еден на Еден гледајте ја недела од 20.30 часот на Телма!