Миа и Милена за нова ТОП епизода на Еден на Еден

Две од најпознатите македонски водителки во недела во улога на гости на каучот кај Жарко Димитриоски. Во доста динамични 60тина минути, Миа Костова во Еден на Еден отворено и детално зборува за естетските корекции, операцијата на градите, приватниот живот. Милена Антовска Станковска, пак, открива какви сѐ проблеми досега споделиле со неа гледачите во „Сподели проблем со Милена“ и уште многу други анегдоти.

Во третата епизода ќе гледаме и нова ТОП 5 листа, ќе слушаме буквално преведени хитови, ќе дознаеме и доста тоа за градскиот превоз и автобусите.

Eдноставно, ви ветуваме одлична забава и оваа недела од 18:30 часот на Канал 5 телевизија. Гледајте нѐ!