Можат ли платените канали да ги следат дигиталните трендови?

Шестото издание на New Europe Market (НЕМ), кое ќе се одржи во Дубровник од 11-14 јуни 2018 година, ќе се осврне на многу интригантни прашања во врска со иднината на Pay TV каналите, во пресрет на сеприсутната дигитализација.

И оваа година гостите на НЕМ ќе имаат можност да дознаат се за актуелните прашања во ТВ индустријата од водечките медиумски експерти. На панел дискусијата „Интегрирањето помеѓу платената телевизија и дигитална содржина” ќе присуствуваат водечки експерти од неколку области: Салим Мукадам, генерален директор и потпретседател на BBC Worldwide за Централна и Источна Европа; Катарина Беренс, извршен директор на NBC Universal за Централна и Источна Европа; Џон Роситер, генерален менаџер на Sony Pictures Television Networks за Централна Европа; Карин Хејинк, потпретседател на Содржина и производи во Viasat World Limited; Левенте Малнај, сениор потпретседател на AMC Networks International за Централна и Источна Европа; Бартош Витак, сениор потпретседател и генерален менаџер на Viacom International Media Networks за Централна и Источна Европа и Израел.

Платената телевизија во средината меѓу забрзаната дигтализација и менувањето на трендовите

Главната тема на овој панел ќе биде Што прават Pay TV каналите за да останат во тек со дигиталните трендови и како содржината може да им помогне во несигурната битка против оние гранки во ТВ индустријата кои со години ги негуваат овие трендови?

Дали едната страна во оваа медиумска игра евентуално ќе преовлада или коегзистирањето навистина е можно? Според Карин Хејинк од Viasat World Limited овој панел ќе го разгледа клучниот проблем со кој се соочуваат традиционалните Pay TV плеери во регионот на Централна и Источна Европа, како да се прилагодат и да останат во чекор со новиот медиумски пејзаж.

  • Можете да очекувате жива дебата, како што е секогаш случај во НЕМ, кој несомнено се истакнува како еден од клучните ТВ настани во Централна и Источна Европа. НЕМ е настан кој не смее да се пропушти бидејќи ги обединува водечките носители на одлуки од регионот и пошироко, вели Хејинк.

Обезбедете си место на овој уникатен настан сега!

Со панели, маркет, проекции, можности за нови соработки, како и прекрасното хрватско крајбрежје, НЕМ е уникатно искуство кое ќе се одржи од 11-14 јуни 2018 година. Обезбедете го вашето место на веб страницата http://neweumarket.com/ и дознајте зошто 90% од учесниците на НЕМ се враќаат секоја година на овој уникатен настан во регионот на ЦИЕ.