Најава за најоткачената епизода oд Еден на Еден сезонава!

Пред две години на гости ни дојде Бранко Огњановски, лик кој што сите го поврзуваме со Миле Паника, Зоран, Блажо, Џони Џанак

Поради тоа што неговата прва посета во #1на1 беше навистина забавнa, решивме да го повикаме повторно. Но, наместо Бранко, на гости ни дојдоа Миле Паника, Џони Џанак, Климе и Јорго! Според најавата за епизодата, ова е дефинитивно нај(позитивно) откачената епизода од нашето шоу сезонава!

Се гледаме на Телма, оваа сабота на 23 април во 19:15ч

Update: Целата епизода можете да ја погледнете на следниот линк.