Најдобрите моменти од сите 27 епизоди!

Во недела на Велигден, ви подготвивме специјално издание во кое ќе видите многу од интересните моменти од снимањето на оваа петта сезона. Еве ја најавата за последната емисија од оваа сезона Еден на Еден, која ќе ја емитуваме оваа недала во 19.10 часот на Алфа ТВ. Ќе се потсетиме на гостувањата на Драган Бјелогрлиќ, Игор Џамбазов, Даниел Кајмакоски, Катарина Ивановска, Сергеј Самсоненко, Жељко Самарџиќ, Влатко Стефановски и многу други, како и на скечевите и пародии што Жаре и екипата ги направија оваа сезона.