„Наше маало“ и Викторија Лоба во Еден на Еден

Осумнаесет години од почетокот на снимањето на култната детска серија, Жаре во новата Еден на Еден собра дел од екипата на „Наше маало“. Каде се и што прават денес Мали, Дарко, Филис и останатите ликови со кои растевме, дознајте во недела на Канал 5.

Во Еден на Еден не ја пропуштајте и Викторија Лоба, која отворено одговара на секое прашање од Жаре, па дури и на она „Кога ти беше третото секскуално искуство“.

Еден на Еден оваа недела од 18:50 часот на Канал 5.