Не ме сликајте со цигара, докторот ќе се лути: Зад камерите на снимањето со Џамбазов

Со Игор Џамбазов е секогаш забавно на снимање. И пред снимање, и по снимање. Уште од октомври се обидувавме да го добиеме за да му кажеме дека сакаме новогодишна Еден на Еден со него.

По многу повици (секогаш недостапен), десетина пораки, врати само едно „ОК“. Тоа за него  било доволно за договор, но за нас не беше. Па фаќавме врски. Преку Гуру Харе. Весна Бејби беше план Б, ама до неа не стасавме.

„ Значи, многу напорни сте станале. Јас за вакви не ве знам. Ако речам дека доаѓам, доаѓам. Упорно ме баравте додека снимав „Преспав“ по цели денови. Телефон вклучував само на пауза за ручек“, ни рече кога се слушнавме, неколку дена пред снимањето.

Гуру харе бендот тип-топ новогодишно средени

Иги со Харе и со бендот веќе договорил кои песни ќе ги свират, си направил концепт што е важно да си каже. Со Жаре испија едно кафе пред емисијата и договорот падна. Епилогот ќе го гледате во недела, од 18.30 на Канал 5. Овој пат, немаме продолжение, не направивме две емисии, ама ќе ја репризираме новогодишната пред Божик, на 5 јануари.

„Девојче, поуабв од ова не можеш да ме направиш“.- Џамбазов со нашата Марина пред снимање

На снимање, Игор си дојде со своја екипа камермани. За него се прави документарец, дечките го следат каде и да оди. Пред нашата Марина да почне да го разубавува за снимањето, не „опомена“ неколку пати.

„Доктор Жан Митрев ми рече- никако цигари. Чекај да запалам една, ама не ме сликајте, хахаха“.

За другите муабети што ни раскажа, а не ги кажал никаде до сега, ќе ве држиме во неизвесност до недела во 18.30. До тогаш, следете не на Фејсбук и на Инстаграм, нешто по малку ќе ви откриваме. (М.Џ.)