Обидете се да ја исфрлите од глава: „Македонијо, како си“

„Фчерашни новости“ има нов хит. По „Хело, Зоки“, од студиото на најгледаната забавна емисија пристигнува „Македонијо, како си“ во изведба на Ланчо и Xtreme Z.

Во епизодата 24, која веќе е на Јутјуб, екипата анализираше и како течат промените во институциите и до каде е трансферот на власта.

Откриваат што е најбарано во трговијата со органи, која во Македонија зема што поголем замав.

Модниот гуру на „Фчерашни“ предвидува што ќе се носи оваа пролет.

Епизодата 25 се крчка, а до недела обидете се да ја исфрлите од глава „Македонијо, како си“, ве предизвикуваме!