Од Холивуд- право кај нас во студио: „Медена земја“ во Еден на Еден

Не им оставивме време ни да се наспијат како што треба од долгиот лет од Калифорнија. Утрото слетаа од Америка, а вечерта веќе беа кај нас во студио, на снимање на Еден на Еден.

Ама не се бунеа. Еден ден пред снимањето, во два наутро по наше време, уште додека беа во Калифорнија, добивме порака од режисерката на „Медена земја“, Тамара Котеска дека го потврдува гостувањето, заедно со колегата кинематограф Фејми Даут.

И никаков замор не се забележуваше кај нив. Само еуфоријата и радоста што ги споделија низ муабетите со Жаре и многуте холивудски приказни. Не е мала работа наш филм да добие две номинации за Оскар, за најдобар документарен филм и за најдобар интернационален филм.

Но, Оскар и главната протагонистка во филмот, Атиџе, не беа единствената тема на разговор. Тамара и Фејми раскажаа уште многу анегдоти од патувачките дестинации на кои ги однесе „Медена земја“. Во недела, на први март, на Канал 5 од 18.30, гледајте Еден на Еден со Тамара Котеска и Фејми Даут.