Пак го снема Владо Јаневски

Барем од неговите видеоспотови 🙂 Со нашиот пријател Владо Јаневски денеска се држуевме на промоцијата на видеозаписот за песната „Последна заблуда“. Песната е авторско дело на Владо Јаневски, а аранжманот е на Никша Братош. Во видеоспотот наместо Владо, се појавуваат модели од студиото „Црнокрак“, со што пејачот се враќа на стариот метод – тој да пее, а некој друг да гледаме по спотови.

  • Стар сум, нема што да се гледа веќе на мене – се пошегува тој на промоцијата.

Со видеоспотот за „Последна заблуда“ се продолжува соработката на пејачот со „Витаминка“, која започна уште минатата година.

Владо ве потсетува и дека наскоро „Еден на Еден“ ќе ја има премиерата на сезона 9!

Ние, пак, ве потсетуваме на неговото гостување кај нас претходната сезона