Петар Грашо: Не станав кошаркар во САД поради Оливер

Легендарниот пејач Оливер Драгојевиќ е заслужен што Петар Грашо почнал да се занимава со музика. Во новиот Еден на Еден специјал, Грашо ќе раскаже интересна приказна за својот музички идол и долгогодишен пријател.

„Требаше да одам во Чикаго, добив стипендија за колеџ на кој требаше да се усовршувам како кошаркар. Тогаш се појави Оливер. На само 16 години, тој зема моја песна и ја испеа“, му рече Грашо на Жаре за моментот кога решил да се откаже од кошарката. Уште многу муабети од приватниот и од професионалниот живот на Грашо, слушнете во недела, од 18.30 на Канал 5.