По дружбата со Ноле, и Андрија Милошевиќ се тестираше за коронавирус

Откако објави дека е позитивен на вирусот Ковид-19 по тенискиот турнир „Адриа тур“ кој го организираше во Белград, Новак Ѓоковиќ наиде на многу критики од светската јавност.

Од друга страна, многумина го поддржаа што ја призна грешката за организирање на јавен собир, кој беше од хуманитарен карактер. Еден од оние што му даде поддршка на Ноле е црногорскиот актер Андрија Милошевиќ.

Андрија на Инстаграм објави фотографија со Ноле и напиша дека откако и тој се тестирал, е негативен на вирусот.

„ Чест ми е што со тебе го делев истиот воздушен простор. Знаеш и сам дека вистинските луѓе, искрените, во времето на лагата и кукавичлук најмногу трпат. Затоа сум со тебе, брат. Се тестирав, и наодот е негативен. На луѓето кои се заразени, им посакуваме брзо закрепнување“, напиша Милошевиќ.

Ноле беше наш гостин во Еден на Еден со специјално интервју од Белград во Сезона 11. Погледнете го целиот муабет.