Почнуваат Фчерашни новости

Со нови ликови и со нов термин во недела, 1 октомври, започнува со емитување новата сезона на „Фчерашни новости“. Третата сезона на сатирично-хумористичната емисија доаѓа во вистинскиот период – за време на кампањата за локалните избори. Од „Фчерашни“ ветуваат – не очекувајте ништо помалку!

Годинава, старите и добро познати ликови од тимот на Бранко Огњановски, добиваат засилување. Ќе се запознаеме со новиот дел на екипата, најдобрите кандидати од кастингингот на кој се пријавија стотина актери и фанови на емисијата.

Сезоната 3 на „Фчерашни новости“ ќе се емитува секоја недела од 20 часот. Првата епизода гледајте ја оваа недела, 1 октомври, на „Телма“ телевизија.