Погледнете го гостувањето на Даниел Кајмакоски

Изминатава сабота на гости во #1на1 ни дојде Даниел Кајмакоски. Воедно ова беше негово прво гостување во нашата емисија од 2014 кога тој се уште беше дел од шоуто Х-Фактор. Оттогаш се сменија многу работи во неговата кариера што значи дека имаме уште една интересна епизода во која што Даниел откри многу работи за неговиот приватен и професионален живот. Меѓу другите работи, раскажа како скокал од највисоката зграда во Австрија, но исто така се пожали и дека сѐ уште не добил пари за победата во Х-Фактор 🙂

Епизодата погледнете ја тука:

Монологот од емисијата може да биде погледнат тука, а неговите музички настапи во шоуто можат да бидат видени тука и тука.