Бранко Ѓуриќ во 1на1!

После премиерната епизода од седмата сезона, продолжуваме во исто темпо и оваа сабота кога во нашето студио пристигна балканската легенда Бранко Ѓуриќ – Ѓуро. Четириесетина минути никогаш не се доволни за разговор со лик како Ѓуро, па токму затоа актерот ни вети дека во скоро време ќе се потруди повторно да дојде во нашата држава, можеби и со ново издание на неговото стенд ап шоу “Ѓурологија”. За неговиот настап во Скопје и остатокот од светот, како и за неговата успешна кариера ќе можете да чуете повеќе на линкот подолу. А доколку сакате да видите и уште некоја веб екслузива од втората епизода од нашата нова сезона, тогаш проверете го и нашиот јутјуб канал 🙂