Прво интервју со Сергеј Самсоненко

Уште една извонредна епизода од Еден на Еден оваа недела во 20:30 на Алфа. Овојпат, за прв пат со свое телевизиско гостување на јавноста ќе и се престави Сергеј Самсоненко човекот што ги купи ФК, РК и ЖРК Вардар.

01

Жаре со рускиот бизнисмен зборуваше на многу теми меѓу кои и неговата прва фирма, приватните авиони, за тоа како ги прави трансферите во клубовите, за неговите други бизниси надвор од спортот, идните планови и многу повеќе. Меѓу другото, Самсоненко за прв пат ќе открие и навистина интересни работи како на пример тоа дека Тимур Дибиров го одбил гигантот ПСЖ, иако од таму му нуделе 40% поголема плата.

Друштво на Самсоненко ќе му прави официјално најдобрата ракометарка на светот, убавата Андреа Лекиќ која ја шармираше екипата со својата спонтаност и духовитост.

02

Шлаг на тортата ќе биде моментот кога Сергеј ќе треба да го докаже своето музичко знаење, па заедно со ќерката Маша и Жаре ќе засвири една песна.

03

Гледајте ја новата Еден на Еден, а подгответе се за нова ексклузива уште во следната емисија, кога прво телевизиско интервју ќе даде познатиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ.

04