Република Македонија во гранки Скопје

Однапред им се извинувам на гледачите дека при повлекување од местото на еден настан се удрив со левата рака во едно специјално возило пајак. Вака водителот на „Фчерашни новости“ ја започна вчерашната епизода на пародичните вести. Во нивен стил, Фчерашни и овојпат имаа што да кажат за сите поважни и поневажни настани од изминатата недела.

Покрај „пајакот“, еве што може да погледнете во вчерашната 23 епизода, која веќе е достапна на „Јутјуб“:

    • Како е да се биде хејтер во Македонија?
    • Какви рокади се изиграа во една партија?
    • Што значи – Република Македонија во гранки Скопје?

Во недела, во истиот термин и на истото место, 20 часот на Телма и во живо на Фејсбук, гледајте ја новата епизода на најдобрата забавно-сатирична емисија „Фчерашни новости“.