Весна Бејби: Коронава ми дава надеж дека ќе се заљубам

„Станувам порано, да се чудиш, и имаш армија гладни од кои две деца и четири кучиња“, ни раскажа актерката Весна Бејби Петрушевска за моментите на изолацијата поради опасноста од ширењето на коронавирусот.

Таа вели дека седењeто дома, како и на повеќето луѓе за неа и за семејствто значи зголемен апетит.

Весна е секогаш драга гостинка во Еден на Еден.- Со Жаре на ланското снимање

„Прво што ми паѓа на памет е, ако продужи кризава ламинатов ќе го изедеме. Нон стоп да се јадело. Од дневно ниво на политика ме занима само Вучиќ и неговите шмирантски монолози кои ме засмеваат онака најискрено. Инаку сум повеќе од половина ден со онлајн проби актерска игра со децата од актерската школа и правиме мали чуда навистина. Сѐ си мислам дека сега у ова време- невреме ќе ми пише некој и ќе се заљубам“, ни изјави Бејби која има една желба.

„ Да се врати време на серенади, дистанца, изолација. Шо беше она бре одма, бам бам. Сега прво тест, па серенада, па писмо, рукавица ,за она другоно во следна епоха. Ја до платонска љубов да стасам ќе частам. Вие другите што напраивте тоа ви е. Некако ми дава надеж коронава“, раскажа Весна во свој стил за Еден на Еден. М.Џ.