Сергеј Четковиќ доаѓа во Еден на Еден!

После гостувањето на ДНК и емисијата во која што и Жаре можеше да се почувствува висок, време е за епизода со Сергеј Четковиќ – еден од највисоките пејачи на балканската естрада. Со таа висина Сергеј сигурно добро би се снашол и како спортист, но на нас ни е навистина мило што црногорецот се решил за музичка кариера бидејќи во спротивно не би ги добиле големите хитови “Погледи у тами”“Коров”, “Назови ме” и сл.

При гостувањето во #1на1 тој откри дека е медицински фенонен со две срца. За жал, Жаре има само едно срце, а ние сме поприлично сигурни дека истото му се скрши при изведбата на “Погледи у тами” на Сергеј!

За целосниот настап на Сергеј како и многуте останати анегдоти и приказни од неговата кариера гледајте не оваа сабота во 19:15 часот на Телма! 🙂

 

Update: Гостувањето на Сергеј можете да го погледнете на следниот линк