Што ќе гледаме во новата епизода на „Еден на Еден“?

Во неделната епизода на „Еден на Еден“ ќе се потсетиме на најинтересните муабети со Жељко Самарџиќ, Тамара Тодевска и Горан Бреговиќ, како и на најдобрите музички изведби. Но, во епизодата „Интересно и необјавено“ ќе видиме и некои неприкажани моменти од снимањата.

Тамара заедно со нејзината ќеркичка Хана и Жаре ја изведуваат омилената песничка на Хана, а Бреговиќ, пак, зборува за времето кога беше дел од „Бјело дугме“. Ова и уште многу други интересни моменти во недела од 18:30 часот на „Канал 5“: