Што ќе се случи со сликите на Груевски во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ?

Како е можно ниту еден функционер од ДУИ да не е осомничен или обвинет досега? Храброст да го постави и да побара одговори на ова прашање имаше само екипата на „Фчерашни новости“. Синоќешнаа 13. епизода на пародичните вести, која веќе е достапна за гледање и на „Јутјуб“, донесе и:

  • Што ќе се случи со сликите на Груевски во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ?
  • Фчерашни во најбитната просторија на Владата
  • Борците прославија 1 година и 7 месеци од Првиот пукнат кондом со боја

Последната епизода на „Фчерашни новости“ за 2017 година ќе ја гледаме во недела, 31 декември, но наместо во редовниот термин, епизодата 14 ќе биде прикажана од 19:30 часот, веднаш по вестите на „Телма“.

Се гледаме пред дочек! До тогаш останете така…