Следува 10-та (ама вистински) јубилејна епизода

Во недела на телевизија „Телма“ во 19:10 часот счедува нова епизода на „Фчерашни новости“. За оваа 10-та по ред епизода, екипата на емисијата покрај омилените рубрики со Спиро Енергија и Симе Временски, подготви и две ексклузивни приказни: една од спектакуларните акции на единицата за брзи интервенции на МВР и друга од болничките ходници низ земјава, каде се повеќе луѓе со различни дијагнози ги полнат амбулантите.

Не ја пропуштајте оваа 10-та овојпат навистина јубилејна епизода на „Фчерашни новости“

На нивните официјални страници може да ги погледнете сите досегашни епизоди и скечеви, но и необјавени клипови и  фотографии од зад сцената.

Јутјуб: https://www.youtube.com/channel/UC5_dpZJ3XmZ7RkcUvmtAG9w

Фејсбук: https://www.facebook.com/FcerasniNovosti/

Инстаграм:https://www.instagram.com/fcerasninovosti/

Пишете му и на Спиро Енергија на spiroenergija69@yahoo.com

Премиера: Секоја недела во 19:10 на Телма

Репризи: недела 23:05 часот, понеделник и четврток после 16 часот