Станавме Superbrand!

На наше огромно задоволство, да се “пофалиме“ дека станавме член на семејсвото Superbrands.

Нашата маркетинг агенција и уште 22 македонски брендови ја добија наградата Superbrand за  2017/2018 од страна на стручното жири. Сме добивале Бубамари, разни интернационални маркетинг признанија, еден куп домашни награди, но ова и тоа како ни значи!

На гала манифестацијата наградата ја прими Жаре, а истата веќе си е во нашите канцеларии и им прави друштво на останатите сведоци на успесите кои се надеваме ќе продолжат со исто темпо.

Жаре изјави – “За овие години изградивме огромна доверба кај нашите маркетинг клиенти. Оние со кои работиме најмногу и најдолго, буквално не сметаат како нивен продолжен оддел, тоа е исклучително тешко да се постигне и е нешто на што сме особено горди”.

Навистина благодариме!