Светски познати продуценти доаѓаат во Дубровник!

Производството на локални содржини (content) е важна тема, на која ќе се дискутира на New Europe Market од 11 до 14 јуни во Дубровник, каде што оваа година ќе се соберат водечките телевизиски експерти, менаџери и членови на телевизиски компании, оператори од целиот регион и други медиумски познавачи.

Некои критичари и аналитичари на пазарот сметаат дека постојано-растечкото локално производство добива нови гледачи и го задржува старото подобро од другите форми на производство. Може ли локалното производство на платните ТВ-канали да биде ново скалило и знак за квалитет?

„Како да се произведуваат одлични локални содржини?“ (How to make great local production) е името на панелот на кој ќе дискутираат почитувани експерти од продуцентската индустрија со модерираторот Ивана Миковиќ, заменик-генерален директор на Радио-телевизија Србија.

Како изгледа целиот процес од гледната точка на продуцентите, што прават за да ја задржат својата публика со свое производство и како таа нивна содржина да се направи што поквалитетна, ќе дискутираат Ким Мосес, извршен продуцент во Сандер Мосес Продукција; Ларс Лундстром, сценарист и продуцент во Nice Drama; Небојша Тараба, креативен директор во Drugi plan; Талија Шахар, шеф за меѓународните односи во United Studios од Израел и Пола Коен Мекхарг, сениор менаџер за продажба во Централна и Источна Европа, ЗНД, Африка, Блискиот Исток, Грција и Турција во Keshet International.

– Имајќи предвид дека телевизијата станува се поглобална, NEM е најдоброто место за истражување на индустријата и запознавање со растото во регионот на Централна и Источна Европа – вели рече Талија Шахар, додавајќи дека во време кога глобалната ТВ платформа се добива замав, се зголемува и потребата за врвен квалитет на локалните драми.

 

Што вели човекот заслужен за светскиот хит Humans?

Разновидни содржини, интересни и иновативни продукции, локални теми … Може ли платените ТВ канали навистина да ја зголемат гледаноста со нови, освежени, оригинални локални содржини?

На ова прашање ќе се обиде да одговори еден од најпознатите и најпочитуваните скандинавски продуценти и сценаристи Ларс Лундстром, извршен продуцент на британската серија „Луѓе“ (Humans), која е римејк на неговиот научно-фантастичен хит „Вистински луѓе“ (Real Humans). На јавноста, исто така, ѝе познат по неговата работа на серијата Tusenbröder i Wallander.

– Верувам дека треба да се создаде сопствен уникатен универзум и да не се срамиме од неговиот локален аспект. Сите големи приказни се всушност локални, па дури и приказните како „Star Trek“. Многу сум среќен и почестен што сум дел од панелот на НЕМ за локалното производство, како и целиот значаен настан – вели Лундстром.

Дека локалното производство секогаш е поблиску до гледачите од она странското, смета и креативниот директор на продукциската куќа Drugi plan и продуцент на серијата „Novine“, Небојша Тараба, која постигна меѓународен успех и глобална дистрибуција благодарение на скринингот на НЕМ 2016.

– Искуствата на дел од големите платни телевизиски системи, како што е HBO, покажуваат дека оригиналните локалните продукции се генерално подобро примени и погледани, дури и од најголемите глобални хитови, како што е „Game of Thrones“. Добитна ситуација за сите е онаа каде што некои локалните содржини со добра тема предизвикуваат глобален интерес – вели Тараба.

НЕМ кој не сакате да го пропуштите

 

 

На НЕМ 2018 професионалците ќе имаат прилика да разменат бизнис идеи, да се дружат со луѓе од својата професија, да го споделат искуството и да се опуштат на една од најубавите медитерански дестинации – Дубровник. Регистрирајте се и пронајдете ја најдобрата опција за вас на официјалната страница на НЕМ