Тамара ќе пее за слободата

На својот Инстаграм профил, Тамара Тодевска ја најави својата песна која треба да излезе наскоро, а е со наслов „Слобода“. Слободата и немирниот дух е нешто по што е позната Тамара, а една приказна на оваа тема, таа раскажа во Еден на Еден, кога му гостуваше на Жаре во Сезона 10.

Тамара се присети на „Евросонг“ во 2004 година во Истанбул, кога му пееше придружни вокали на Тоше Проески.

„Таа Евровизија ќе ја паметам по тоа што не можеа да ме соберат. Доцнев на проби, ме немаше никаде. Со Александар Ношпал постојано бевме некаде излезени, по дискотеки, по кафичи, по клубови. Постојано беше: Тамара, каде е Тамара? Тоа беа тие години, многу млада бев“, се присети пејачката која лани на „Евровизија“ со песната “Proud” го освои седмото место.

Додека ја чекаме новата песна „Слобода“, уживајте во дуетот на Тамара и на Гуру Харе, „Љубов“, кој премиерно во живо го изведоа во нашето студио.