Тарик Филиповиќ доаѓа во Еден на Еден

Шармантниот водител и актер Тарик Филиповиќ во недела еден на еден со Жарко Димитриоски. Во новата епизода од сезона 10 на „Еден на Еден“, Филиповиќ зборува за неговата неколкудецениска работа како актер,
„Милионер“, квизовите, новата серија…

Тој открива за тоа дека досега три пати имал улога на хомосексуалец, па за тоа дури и му замериле. Филиповиќ зборува и за новата претстава во која го игра легендарниот Мирослав Блажевиќ и за тоа како Чиро реагирал кога го гледал ликот.

Гледајте „Еден на Еден“ во недела од 18:30 на Канал 5.