Темната страна на ФИФА

Џон Оливер е поранешниот соработник на Џон Стјуарт во неговото Daily Show, а сегашен водител на сопственото Last Week Tonight шоу кое се емитува на HBO. Неодамна имаше исклучително интересно “излагање” во кое искажа повеќе интересни факти кои воедно беа и смешни, интригирачки, а ништо помалку и застрашувачки. И сето тоа се однесуваше на организаторите на можеби најголемиот евент во модерната цивилизација, светското првенство во фудбал – ФИФА.