Тупурковски раскажа кога за прв пат морал да облече костум

Васил Тупурковски ретко го гледаме формално облечен. Познатиот професор и политичар ќе му биде гостин на Жаре во Еден на Еден, и една од приказните кои ги раскажа е токму за неговиот стил на облекување.

„Ме викаа Џемперовски. Одело речиси никогаш не сум носел. Мојот стил секогаш бил неформален. За прв пат облеков одело на погребот на Тито“, рече Тупурковски и откри од каде го изнајмил.

Оваа интересна приказна, и уште многу други, врзани за младоста, за рокенролот, за спортот, за политиката, гледајте ги во недела, на Канал 5 од 18.30.