Убаво е кога ти се цени трудот

Форбс, Форбс, туку шпоретот дали го исклучи кога излезе? 🙂 Oва беше првата првата мисла што му падна на памет откако Жаре ја слушна веста дека е избран на листата „30 Under 30 Europe“ на престижниот магазин „Форбс“.

Во интервју за „Република“, Жаре раскажува за патот до „Форбс“

  • Неверојатно нешто… Измешано чувство на задоволство, исполнетост, додатна мотивација, благодарност… Убаво е кога ти се цени трудот, нема што. А помислив секако и на тоа дека треба кај нас да работиме на подготвеноста и желбата да се поздрави и цени туѓиот труд бидејќи без тоа многу голем потенцијал останува неискористен и кај многу млади луѓе се убива желбата да се направи следниот чекор, кој можеби е токму тој клучниот кој ќе ја направи целата разлика.

Очекуваше ли дека со работата со маркетинг агенцијата „Еден на еден“ ќе ти се случи Форбс? 
Жаре: Многу верувам во тимот на агенцијата. Зад нас имаме голем број исклучително успешни кампањи и проекти, ниеден прекинат договор со клиент и уште многу други работи заради кои, искрено, не ме изненадуваат признанија. Но, ќе бидам искрен и кога ќе кажам дека не очекував за толку кратко време да се случат неколку меѓународни награди за кампањи, ова признание од Форбс и тоа што бев избран за „Претприемач на годината во Македонија“ минатиот декември.

Читајте го целото интервју на Република.