Венко Филипче: Станувам во 4 сабајле

Министерот за здравство Венко Филипче ќе биде гостин во новата Еден на Еден, во недела, од 18.30 на Канал 5.

Меѓу многуте актуелни прашања поврзани со кризата што ја донесе коронавирусот, Филипче раскажа и лични приказни. Една од нив е и како му поминува еден обичен ден.

„Станувам околу 4-5 наутро и рано легнувам. Така сум попродуктивен“, му рече тој на Жаре. Во недела ќе дознаеме и на кој спорт е фан министерот, што слушал со колегите во операциона сала, и кои му се омилените филмови.

„Кој филм сум го гледал последен? Тоа се вели: На кој филм сум заспал последно’, се пошегува Филипче. Не пропуштајте ја новата епизода на Еден на ден, втора по ред која што е снимена во нашето „отворено студио“.