ВЛЕЗЕТЕ НАСМЕАНИ ВО 2018: Тин, Марјан, Тино и Атанас во новогодишен специјал

Велат дека смеењето го продолжува животот и веруваме дека навистина е така. Затоа, додека се подготвувате за дочекот на најлудата ноќ, не го пропуштајте новогодишниот специјал на ток-шоуто „Еден на Еден“.

Ве очекува супер-забавна емисија која ќе ве насмее до солзи, а „виновни“ за тоа се експертите по стенд-ап комедија: Словенецот Тин Водопивец кој подготви специјален стенд-ап на македонски јазик, нашиот Марјан Ѓорѓиевски и незаменливите Атанас и Тино од театар „Комедија“.

Да ја испратиме 2017. година како што доликува. Недела, 31. декември во 18:50 часот на „Канал 5“.

Погледнете ја најавата: