Welcome to the градинка „Македонија“

Кој ја сака Македонија повеќе? Конечно имате шанса да дознаете со помош на Македономер – најновата апликација која со сигурност ќе ви открие дали некој навистина ја сака земјава.

Тема во утринската програма „Од нас – за вас, пак, гледачите имаа можност да кажат зошто ја сакаат Македонија, а во дебатната емисија се дискутираше како треба да се сака Македонија.

Вчера беше претставена и Женската платформа.

Ова се само дел од содржините во епизодата 16 на „Фчерашни новсоти“, која од денес е достапна на „Јутјуб“.

Не ја пропуштајте ни репортажата од протестите во Виница, дебатата меѓу теолозите и дарвинистите и еден од најдобрите скечеви досега – градинката „Македонија“.

Епизода 16 – 27 минути на смеа кои во никој случај нема да сакате да ги пропуштите!

Следната епизода веќе се подготвува и ќе може да се погледне во истиот термин – недела, 19:10 на „Телма“.