Здраво, јас сум Жаре

Здраво, јас сум Жаре, директорот за Еден на Еден.

Здраво на сите, се чини дека сите предупредувања се реални. Гледањето на Еден на Еден ќе чини пари.

Ако не ми верувате, во недела Еден на Еден ќе биде затворен и ќе мора да платите. Сето ова е со закон.

Оваа порака е да ги информираме сите наши гледачи дека нашите сценаристи неодамна беа многу пренатрупани. Затоа пишуваат вакви лоши шеги.

Бараме ваша помош за решавање на овој проблем. Ние бараме нашите активни гледачи да ја препратат оваа порака до секој од луѓето во вашата листа на контакти со цел да ги потврдиме нашите активни гледачи

Ако не ја испратите оваа порака до сите ваши пријатели, тогаш да ви е многу срам и да знаете оти грев стига.

P.S. Поракава е реална колку што е онаа од Марк, директорот на Фејсбук. Затоа што Марк научи македонски само за да ни ја испрати оваа порака. Таа му одзема 3 години од животот и десетина илјади евра кои ѝ ги платил на Миланка Рашиќ за да го научи. Се сретнале на Оскари. Мда.