Жарко Димитриоски втора година по ред дел од жирито на белградскиот фестивал КАКТУС

Порталот „Маркетинг мрежа“ веќе четврта година го организира Фестивалот за интегрирани комуникации – КАКТУС, кој годинава ќе се одржи на 12 и 13 ноември во Белград. Дел од фестивалот е и натпреварот за најдобри комуникациски проекти во Србија во изминатата година, кои ќе ги избира жири чиј член е и креативниот директор на маркетинг-агенцијата „Еден на еден“ Жарко Димитриоски. Тој беше член на ова жири и на минатогодишното издание на КАКТУС.
Претседател на регионалното жири ќе биде Никола Жиниќ, главниот креативец на агенцијата „Брукета&Жиниќ&Греј“ од Хрватска. Другите членови се Бојан Хаџихалиловиќ – основач и креативен директор на „Фабрика“ – БиХ, Боштјан Напотник – креативен директор на „Футура ДДБ“ –  Словенија, Домен Хусу – креативен директор на „Јин и Јанг“ – Словенија, Душан Дракалски – главен креативен директор за Европа на „Реј продакшн“, Илинка Црвенковска – креативен директор на „Идеа плус“ – Македонија, Петра Крулц – извршен креативен директор на „Греј“ – Словенија, Сашо Димитриевски, партнер и член на бордот на „Пристоп/Реднерспејс“ – Словенија, Шон Поропат – партнер и креативен директор на „Студио Сонда“ – Хрватска, Томислав Бадер – партнер во „Швицарска“ – Хрватска, Томислав Крајачиќ – CEO/CCO во „Кофеин“ – Хрватска и Вања Беталан – ЦЕО, во „web.burza“ – Хрватска.
Освен доделувањето на наградите на најдобрите проекти, за време на фестивалот ќе се одржи и конференција со предавања и работилници на познати експерти од областа на маркетингот од целиот свет.