Брансон не се откажува

И покрај падот на леталото на Вирџин Галактик,  Риџард Брансон не се откажува од неговиот проект да носи луѓе во вселената. Во изјава дадена за BBC, Брансон кажа дека жали за смртта на еден од двајцата пилоти (другиот успешно се катапултираше), но дека програмата ќе продолжи се до нејзината реализација.

Вирџин понудил враќање на парите за оние кои сакаат да се повлечат, но тоа никој досега не го побарал, напротив забележале една нова уплата. Цената од 250.000 долари за овој лет досега ја платиле Ештон Качер, Џастин Бибер и Лео Ди Каприо.

Брансон како мајстор на промоцијата и маркетингот веќе има потпишани договори со хотелот каде “космонаутите” ќе бидат сместени пред летот, возилата со кои ќе дојдат и со тоа што ќе се служи за време на самиот лет, па така очигледно не му е баш лесно и сето тоа оддеднаш да го прекине. Досега Брансон многупати успевал да видиме како ќе биде овојпат.01