Денот на жената во Бистро Скопје ќе трае два дена

Зошто славењето на она што значи да се биде жена да трае само еден ден. Зошто да не се два?!

Забавата за Денот на жената во првиот вистински блуз и џез ресторан во Скопје, Бистро Скопје, започнува од 14 часот со Бојана Фабел Квартет. Комбинацијата на уникатниот глас на Бојана Фабел и извонредна храна по која Бистро Скопје е веќе познато, прават вистински почеток на празнувањето на 8 Март.

Од 21 часот истиот ден, по барање на редовните гости на Бистро Скопје, започнува настапот на Trio Gentlemen, момците со силни гласови и нежни срца.

Резервирајте маса на време во Бистро Скопје на 071/352-265 или во Чув де Чув на 078/520-552 или поминете на Аперол на шанк! Влезот е слободен.

Петокот, пак, е резервиран за концертниот настап на мајсторите на добриот звук – групата Фолтин. Уникатната звучна магија на Фолтин ќе Ве вовлече во вителот на љубовта и страста, надреалното и возвишената леснотија на постоењето во Бистро Скопје!

Бројот на места за концертот на Фолтин е ограничен, затоа резервирајте во Бистро Скопје на 071/352-265 или во Чув де Чув на 078/520-552.

Нека почне славењето на нејзиното височество – Жената.