Еден поинаков вид на монолог

Во последната епизода на #1на1 решивме да се обратиме за проблем кој што е лош по нашето здравје. Не, Жаре во последното не зборуваше за турбо-фолкот туку за загадувањето на воздухот. Иако сме хумористична емисија, некогаш мора да зборуваме и за посериозни теми. Доколку сте од оние што си викаат “Ех, што ќе ми е мене ова…”, тогаш погледнете го видеово, и научете нешто повеќе за загадувањето и како истото ни штети на сите нас.