Елена Ристеска и Емилија Розман ни доаѓаат на гости во Eден на Еден

Оваа сабота во 19:15 часот ќе можете да уживате во најубавата #1на1 досега оваа сезона. Причината е тоа што како гостинки нема да имаме само една, туку две македонски убавици. Едната од нив ќе биде Елена Ристеска која што ќе го промовира нејзиниот нов албум “Без Шминка”, а меѓу другото и ќе може да ја чуеме на хелиум како прави некои лудории, прв пат по нејзиното последно гостување во шоуто. Освен познатата пејачка, на гости ни доаѓа и “Мис Македонија”, односно Емилија Розман која што за прв пат на малите екрани ќе открие каков е животот на мисиците во Македонија и светот и како таа се справува со проблемите произлезени од нејзината професија.

Гледајте Еден на Еден во сабота, 23 јануари, 19:15 часот на Телма

Update: Целата емисија е достапна на следниот линк