Филипче најде една добра работа во кризата со вирусот

Министерот Венко Филипче вели дека има една позитивна работа од целата криза со коронавирусот.

„Се зближија луѓето. Од комисијата за заразни болести, епидемолозите велат: Браќа и сестри станавме. Секој ден сме заедно, од сабајле до вечер. И тоа дава уште еден дополнителен поттик на тимската работа“, раскажа Филипче во Еден на Еден кога беше гостин минатиот месец. Тогаш, министерот даде и своја прогноза за тоа како ќе се справиме со вториот бран на вирусот. Погледнете ја целата приказна.