Градоначалникот првпат в автобус

Новиот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, првпат ги испроба скопските автобуси за лично да се увери каква е состојбата со јавниот превоз во главниот град. Нормално, екипата на „Фчерашни новости“ доби ексклузивна снимка од овој настан и истата може да ја гледате во новата епизода, која веќе е на „Јутјуб“.

Покрај Шилегов, во епизодата 4 на „Фчерашни новости“ гледајте:

– Откриваме: Нова професија во Македонија

– Фчерашни анализа: Со што нѐ прскале Турците пет века

– Кратовчани во шок: Градот конечно ќе влезе во 19 век

„Фчерашни новости“ следете ги секоја недела со почеток во 20 часот на „Телма“, како и во живо на нивната официјална страница на „Фејсбук“.