Кој заслужува титула повеќе од Португалија?

Многу спортски експерти и “експерти” се јавија со свое видување за титулата на Португалија на изминатото ЕП. Многумина рекоа “Ех, нема врска, не ја заслужија титулата”. Дел од луѓето што го рекоа тоа направија своја листа во која ги споменаа луѓето што според нив заслужуваат титули повеќе од Португалија на ова ЕП:

-Канго да освои титула за најдобар светски музичар

“Кога може Роналдо со одиграни 20 минути во финалето да го крене трофејот, зошто да не може Канго со оној обид за песна да не добие награда за најдобар светски музичар? Број на субвенционирани песни на Канго: 1, број на субвенционирани песни на Бијонсе: 0”

kango

-Каролина Гочева да освои титула за “Свадба на годината”

Фудбалот на Португалија на ЕП беше невиден, ама богами и свадбата на Каролина е невиденa! 😀

karolina

-Македонија да освои титула за земја со најдобри политички партии

“И нашите политички партии се како португалците. Можеби на прв поглед изгледа дека не ги бива ама кога ќе дојде финалето ќе растурат! Само уште да дознаеме кога ќе биде финалето…”

sobranie

-Алекс и Елена да освојат титула за најдобро Јутјуб видео!

“Можеби има видеа со повеќе прегледи на јутјуб, но ниедно видео не успеа така да ја обедини македонската нација како видеото на Алекс и Елена! Па дури ни видеото од тројката на Илиевски!”

alex and elena

-Еден на Еден да освои титула за најсмешна емисија!

“Па барем се обидуваме.. :'( “