Најлоши маски за “денот на шегата”

Првиот ден од Април! Денот на шегата! Ден кога стандардно читаме наслови од типот на “Роналдо и Меси ќе гостуваат на Градски”, “Македонија го реши спорот со Бугарија”, “Голи фотки од позната македонка” и слични хумористични бисери.

Освен по шегите и лагите, овој ден е познат и по маскирањето на малите и големи деца.

Ако сте од овие, вторите, читајте внимателно, следува листа на работи во кои никако не смеете да се маскирате!

Василичар

Логично, ќе ве уапсат поради тоа што ќе мислат дека е некој што им избегал на полицајците на последната рација.

Никола Груевски

Логично, ќе ве уапсат поради тоа што ќе мислат дека вие сте тој што им избега пред некоја година.

Сашо Мијалков

Логично, ќе ве уапсат поради тоа што ќе мислат дека сте им избегале од затворот.

-Путер

Логично, ќе ве уапсат поради тоа што ќе мислат дека сте им избегале од затворот.

Раде Рогожаров

Тука нема да ве уапсат. Ама не се ни обидувајте да го имитирате Раде Рогожаров. Раде Рогожаров е еден и единствен (фала богу не се повеќе)

Убавата Госпоѓа Захариева (забелешка од шефот: Смени го ова тука во статијата, другото е топ, само избриши го ова “убавата” ќе знаат дека ти си тој од Канал 5 што ги пишува насловите. Не заборавај да избришеш пред да стиснеш submit, ок?)

Ќе создадеш интернационални проблеми. Не е убаво тоа.

Гејша/Јапонка

Нема да ти стои добро. Сериозно, дали знаеш еден човек што изгледал добро маскиран вака? Еден човек? Било кој? Не? Така и си мислевме.

Нови Дечки

Тешко е сам да се маскираш во повеќе дечки. А и повеќето од новава генерација не ги ни знае.

Мајкл Џексон

Бидејќи е Афро-Американец . Ако живееш во Македонија, многу веројатно имаш бел тен на кожата. Не е во ред, има расистички контекст…

Мајкл Џексон

Поради тоа што ќе ви треба премногу пудра за да изгледате бело како него.